Столтенберг: Поместувањето на руските сили не е потврда за повлекување

пред 3 години

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг уште еднаш ја повика Москва да докаже дека ги повлекува своите војници од украинската граница.

„Останува да се види дали навистина доаѓа до повлекување од страна на Русија. Она што е видливо е дека тие го зголемија бројот на воени сили, а на патот има уште многу“, изјави Столтенберг за новинарите на почетокот на дводневниот состанок на НАТО.

„Ако навистина почнат да ги повлекуваат силите, тоа е нешто што ние ќе го поздравиме. Тие секогаш ги поместувааа силите напред-назад, така што само фактот дека гледаме движење на воените сили и борбените тенкови не е и потврда за вистинско повлекување“, рече Столтенберг, пренесуваат светските агенции.

Share
Scroll to Top