Украинската разузнавачка служба објави дека открила руски шпионски ланец. Еден од шпионите бил дури и вработен во главниот штаб на украинската армија, изјави синоќа Олексиј Арестович, советник на претседателот Володимир Зеленски, пренесе украинската новинска агенција Укринформ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој не даде детали за тоа колку шпиони имало во синџирот. Арестовиќ наведе дека една од целите на групата била, наводно, да соборат патнички авион над Русија или Белорусија и да ја обвинат Украина, рече тој. За планот требало да се користат противвоздушни ракети од украински резерви.