Босанските портали со упатства како граѓаните од БиХ да се вакцинираат во Србија

пред 4 години

Откако Владата на Србија одлучи да овозможи вакцинирање на граѓаните од регионот без претходна најава и негативен ПЦР тест при преминување на границата, сараевскиот портал „Кликс“ објави упатства за граѓаните на БиХ, со цел, како што велат, планираната постапка да мине без никакви проблеми.

Како што наведува порталот, имајќи предвид дека голем број граѓани на БиХ ќе се упатат во Србија да примаат вакцина против коронавирусот, тие посочуваат дека освен фактот дека не е потребен негативен ПЦР тест, не е потребно и никакво медицинско уверение од БиХ, а ни потврда за државјанство или живеалиште.

Разбирливо е, додаваат од „Кликс“, дека лицето кое доаѓа на вакцинација не треба да било сериозно болно во изминатите 30 дена.

Покрај адресата од Халата 3 на белградскиот саем, во упатството исто така наведува дека граѓаните на БиХ треба да имаат пасош, да пополнат обрасци и да извршат краток разговор со еден од присутните лекари.

Исто така се нагласува дека целиот процес трае 30 минути, вклучително и вакцинацијата и дека работното време на пунктовите на саемот е од 8 до 20 часот.

Покрај тоа, се забележува дека во Србија на сила се епидемиолошки мерки, односно дека се затворени кафулињата, рестораните, ноќните клубови и барови, како и трговските центри.

Во упатството на „Кликс“ се напоменува и дека рестораните и кафулињата во хотелите можат да ги служат гостите само со регистриран престој, и тоа до 21 часот.

Share
Scroll to Top