Британското Министерство за одбрана денеска објави дека ќе инсталира ласери на воени бродови за соборување беспилотни летала од 2027 година, пет години порано од очекуваното.
Министерството објави дека ласерите ќе можат да пукаат во која било цел на небото по цена од околу 10 фунти (11,7 евра) по истрел и ќе бидат толку прецизни што ќе можат да погодат паричка од далечина од еден километар.
Претходно се очекуваше дека ласерите DragonFire ќе бидат оперативни дури од 2032 година, а тоа е долгорочна и евтина алтернатива за одбрана од дронови. Беспилотните летала можат да уништат високотехнолошки системи за оружје, а моментално се скапи за соборување. На пример, ракетите Sea Viper, кои Обединетото Кралство моментално ги користи за соборување на беспилотни летала на Хути во Црвеното Море, чинат по 1 милион фунти.
„Во сè поопасен свет, нашиот пристап кон набавките исто така се менува. Нашите сеопфатни реформи ќе ја забрзаат испораката на најновата опрема и оружје за нашите вооружени сили“, рече британскиот министер за одбрана Грант Шапс во изјавата за ласерот.
„DragonFire го прикажува најдоброто од ОК во првите редови на воената технологија и нема да се двоумиме да го ставиме во рацете на нашата војска за да се спротивставиме на заканите со кои се соочува“.
Текстот Британија наскоро ќе стави на бродовите моќни ласери: „Светот станува се’ повеќе опасен“ е превземен од МАКФАКС.