Британската влада го поддржува тестирањето на ковид-вакцина врз луѓе, се чека одобрување од етичкиот комитет

пред 4 години

Британската влада објави дека ќе го поддржи тестирањето на вакцината против коронавирус врз доброволци.

Владата најави дека со 33,6 милиони фунти ќе учествува во заедничко истражување со Кралскиот колеџ во Лондон, компанијата hVIVO, која се занимава со лабораториски истражувања, и фондацијата „Ројал фри“ од Лондон.

„Ројтерс“ известува дека истражувањето треба да започне во јануари доколку биде одобрено од етичкиот комитет.

Share
Scroll to Top