(Видео) Во два автомобила во Мексико пронајдени 12 тела, картелот оставил и порака

пред 4 години

Властите на Мексикo во понеделникот соопштија дека откриле безживотни тела на 12 мажи и жени оставени во два напуштени автомобили во рурална област на државата Сан Луиз Потоси, област позната по честие активности на наркокартелите.

Од канцеларијата на обвинителот во таа сојузна мексиканска држава соопштија дека на местото, покрај телата на десет мажи и две жени е пронајдена и писмена порака од наводната криминална организација, но не ја открија содржината на пораката и не изнесоа детали за причините за смртта, кои сè уште не се откриени.

Во државата дејствуваат неколку криминални организации, вклучувајќи ги моќниот Зетас, како и картелот Халиско од новата генерација, а мексиканската влада спроведува големи воени и полициски операции повеќе од една деценија, неуспешно обидувајќи се да го спречи растечкото насилство од овие организации.

Според официјалните податоци, во државата Сан Луиз Потоси се убиени 411 лица од јануари до август годинава, што е зголемување за 43 проценти во однос на истиот период минатата година.

Share
Scroll to Top