(Видео) Пожарот во кампот кај Бихаќ го предизвикале мигранти

пред 3 години

Шефот на мисијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во БиХ, Питер ван дер Ауверарт, потврди дека мигранти предизвикале пожар во кампот „Липа“, близу Бихаќ.

Тој посочи дека станува збор за катастрофа по катастрофа.

„Катастрофа по катастрофата во кампот ‘Липа’ кај Бихаќ. Колку што знаеме, група поранешни жители запалиле три шатори и контејнери откако повеќето мигранти го напуштиле кампот“, објави шефот на ИОМ на својот профил на „Твитер“.

Тој изјави дека, за среќа, колку што е познато во моментов, во пожарот нема жртви.

„Но, како и да е, катастрофа“, додаде тој.

Во кампот „Липа“, чие затворање ИОМ го најави за денеска, имаше голем пожар во еден сместувачки капацитет, а пожарот потоа се проширил.

Share
Scroll to Top