Војната во Украина може да го поттикне гладот во светот, предупредува германски хуманитарец

пред 3 години

Египет, Кенија, Јужен Судан, Либан и многу други земји директно или индиректно зависат од рускиот и украинскиот извоз, така што војната во Украина може да поттикне глад и бегалски бранови ширум светот, особено во сиромашните земји, соопшти германската хуманитарна организација „Помош против гладот во светот“ (Welthungerhilfe).

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Првиот човек на организацијата, Матијас Моге, предупреди дека руската војна против Украина ќе доведе до глад во различни делови на светот.

„ Земјите како Египет, Кенија, Јужен Судан, Либан и многу други земји се во голема мера зависни од рускиот и украинскиот извоз, директно или индиректно. Тие земји повеќе не ги добиваат количините што ги нарачаа и треба да платат многу повеќе за нив“, изјави тој.

Цените на храната веќе се искачија на највисоките нивоа во историјатаа, првенствено поради климатските промени, конфликтот и пандемијата, додава Моге.

Хуманитарецот истакна дека најпогодено е посиромашното население, кое, како што вели треба да троши голем дел од расположливиот приход за храна, а повисоките цени се многу проблематични и за хуманитарните групи.

„ Кога Светската програма за храна на ОН (WFP) мораше да ги намали оброците во бегалските кампови за сириските бегалци во 2015 година, тоа беше еден од предизвикувачите за големи бегалски движења во Европа. Не треба да го заборавиме тоа“, предупреди Моге.

Share
Scroll to Top