Во Германија годинава немаше бран на грип

пред 4 години

Во Германија немашe бран на грип годинава, објави денеска Државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“.

„Оваа сезона бранот на грип беше целосно отсутен“, соопштија од Институтот „Роберт Кох“. Од почетокот на есента регистрирани се само 519 случаи на зараза со грип.

Во исто време минатата година, во Германија биле регистрирани 184.000 случаи на класичен грип.

„Ова не ги исполнува условите за појава на бранот на грип“, рече портпаролката на институтот. Ова е прв пат да не се зборува за бран на грип од 1992 година, кога започна годишното набљудување на заболувањата со вирусите на грип.

Оваа година потврдени се 13 смртни случаи поврзани со грип. За време на силниот бран на грип во сезоната 2017/2018 пријавени се 1.700 случаи, но се претпоставува дека вистинскиот број на починати од грип во таа сезона надмина 25.000.

Институтот „Роберт Кох“ го поврзува отсуството на бран на грип со мерките за борба против пандемијата на коронавирусот, како што се обврската за носење маски, одржување растојание и општи хигиенски мерки и често проветрување во затворен простор.

Исто така, на почетокот на сезоната, многу повеќе граѓани беа вакцинирани против грип отколку што беше случај во претходните години.

Share
Scroll to Top