Во масовна гробница во близина на Киев закопани се 67 цивили

пред 3 години

67 цивили беа закопани во масовна гробница во Буча, Украина, во близина на Киев, област која беше место на жестоки борби. Видеото објавено од новинската агенција UNIAN покажува тела во црни пластични кеси како се пренесуваат од камион во јама. Во позадина е црквата.

Лекарот рекол дека не се идентификувани сите жртви, пишуваат украинските медиуми. Станбени згради се уништени во гранатирање во град северозападно од Киев.

Претходно, видеото кое прикажува масовна гробница во опколениот град Мариупол стигна на насловните страници ширум светот и ги покажа последиците од руската инвазија која започна на 24 февруари. ОН неодамна објавија дека загинале повеќе од 570 цивили, но украинската влада смета дека бројот на загинати е многу поголем.

Речиси 125.000 луѓе се евакуирани преку хуманитарни коридори од конфликтните зони во Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски во видео обраќањето во неделата.

Хуманитарниот коридор сега е оддалечен околу 80 километри од јужниот пристанишен град, кој со денови беше уништен од руските напади, а населението, кое пред војната броеше околу 400.000, е опкружено без храна, вода и лекови.

Во руски воздушен напад врз најголемата украинска воена база во близина на границата со Полска, членката на НАТО, загинаа 35 лица, а 134 се ранети, изјави украински официјален претставник. Зеленски рече дека руските сили ќе се соочат со борба до смрт доколку се обидат да го окупираат Киев.

Share
Scroll to Top