Во Србија 5.884 новозаразени со коронавирус, 53 починати

пред 4 години

Според последните податоци, во Србија се тестирани 18.989 примероци, од кои 5.884 биле позитивни на коронавирус. Починале 53 лица, а 312 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Одлуките на Кризниот штаб се познати – негативен ПЦР-тест за странски државјани кои влегуваат во Србија и карантин за српските граѓани.

Сите други мерки остануваат во сила до 18 декември.

Иако бројот на новоинфицирани полека опаѓа, тој сепак е многу голем, а загрижува и бројот на сериозно болни лица. Загрижувачки е и фактот дека новата ковид-болница во Батајница е веќе полна.

Share
Scroll to Top