Голем скок на бројот на заболени од треска во Северна Кореја

пред 2 години

Северна Кореја пријави голем скок на бројот на заразени со болеста, за која се верува дека е ковид, апелирајќи до граѓаните да се држат до „корисните здравствени навики“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Припадниците на армијата се ангажирани да дистрибуираат лекови на луѓето, пренесува АП.

Државните медиуми објавија дека севернокорејскиот кризен штаб пријавил уште 269.510 лица со „треска“, а шест лица починале. Со последните смртни случаи, бројот на починати од крајот на април кога се појави „треската“ сега е 56.

Пјонгјанг ја пријави својата прва инфекција со Ковид минатиот четврток.

На оваа азиска земја со 26 милиони жители ѝ недостигаат тестови за потврдување на инфекции со коронавирус во голем број, а во извештајот на антивирусниот штаб не е наведено колку случаи на треска всушност се Ковид.

Бројот на пациенти, додава АП, е секако поголем отколку што велат официјалните податоци за треска, со оглед на недостатокот на тестови и ресурси за следење на болеста и лекување на пациентите. Одговорот на Северна Кореја на вирусот во голема мера е да ги изолира луѓето со симптоми во засолништа, а до денес најмалку 663.910 луѓе се ставени во карантин.

Покрај недостатокот на вакцини, на Пјонгјанг му недостасуваат и антивирусни лекови и единици за интензивна нега.

АП наведува дека некои експерти се сомневаат дека Северна Кореја го намалува бројот на починати за да го намали ударот врз угледот на лидерот на Ким Џонг Ун. Аналитичарите додаваат дека можно е и да се намалува бројот на пријавени случаи на треска, бидејќи службениците се плашат од казна или пациентите не сакаат да пријават симптоми, бидејќи се плашат од строги карантински мерки.

Share
Scroll to Top