Блокадата во Грција полека ќе се укинува во фази од крајот на месецот, а туристите ќе можат да одат на одмор во Грција веќе во мај.
Според грчката телевизија „Стар“, Грците почнуваат да ги попуштаат строгите антиепидемиолошки мерки, и покрај наглото зголемување на бројот на заразени. Сепак, грчките експерти најавија дека очекуваат бројот на заразени да се намали во текот на следната недела и дека не очекуваат толку многу тешки случаи во болниците.
Првото попуштање на мерките започнува на 22 март, а потоа постепено се планира отворање. Сè до мај, за кога е најавено дека странските државјани ќе можат да влезат во Грција со потврда за вакцинација или негативен тест за Ковид-19. Сепак, оваа прва објава не дефинира кои вакцини се сметаат за одобрени, но во моментов се претпоставува дека сите вакцини ќе бидат прифатливи.