Грција ja вметнува и личната карта во ковид апликација

пред 2 години

Личната карта ќе биде вметната во ковид апликацијата со која се потврдува идентитетот и статусот на вакцинација на едно лице, објави Теодорос Ливаниос, заменик-шеф на грчкото Министерство за дигитализација.

Апликацијата „Ковид фри ГР“ за мобилни телефони и таблети е наменета да му олесни на граѓанинот да приложи доказ за ковид-имунитет кога влегува во продавница или друг затворен простор, пишува „Катимерини“.

Ливаниос рече дека апликацијата ќе содржи и фотографија, име, презиме и датум на раѓање.

„Забележавме дека кога одиме во продавница, во склад со постоечките мерки против ширење на коронавирусот, покрај ковид потврдите, дали на мобилен телефон или на хартија, мора да покажеме лична карта“, рече министерот.

Овие детали ќе бидат внесени во апликацијата, додаде министерот, нагласувајќи дека на овој начин граѓаните ќе можат да покажат само еден доказ.

Share
Scroll to Top