Учениците во руските училишта ќе почнат да учат историја уште во прво одделение во основно училиште, изјави рускиот министер за образование Сергеј Кравцов.
„Ќе направиме се за да ја зачуваме историската меморија. Одлучив учењето историја во училиштата да започне од прво одделение“, рече Кравцов.
Во моментот, учениците во Русија ги учат првите часови по историја во петто одделение.
Руските власти постојано тврдат дека некои странски земји се обидуваат одново да ја испишат историјата.
Самиот Путин истакна дека Москва е должна да обезбеди зачувување на вистината за Втората светска војна, која во Русија ја нарекуваат Голема патриотска војна и да се спротивстави на обидите за фалсификување на историјата, пишува руската новинска агенција РИА Новости.