Директорот на руски истражувачки центар тврди дека „Спутник“ е ефикасна против мутациите

пред 4 години

Руската вакцина „Спутник В“ против Kовид-19 покажува добри резултати против новите мутации на коронавирусот, изјави за „Ројтерс“, Денис Логунов, заменик директор на рускиот Национален истражувачки центар „Гамалеја“ за епидемиологија и микробиологија, кој го разви „Спутник В“.

„Неодамнешното истражување спроведено од Центарот ‘Гамалеја’ во Русија покажа дека ревакцинацијата со вакцината ‘Спутник В’ работи многу добро против новите мутации на коронавирусoт, вклучително и соевите на коронавирус од Велика Британија и Јужна Африка“, рече Логунов.

Тој додаде дека, според руските истражувачи, се верува дека вакцините базирани на вектор се всушност подобри за идните ревакцинации отколку вакцините засновани на други платформи“.

Share
Scroll to Top