Драма во зградата на Би-Би-Си – Министер бил заглавен во лифт половина час

пред 3 години

Британскиот министер Мајкл Гоув беше гостин на Би-Би-Си Радио 4, но интервјуто доцнеше половина час, бидејќи остана заглавен во лифтот на јавниот сервис.

Би-Би-Си го повика министерот лично да дојде во студиото, а точно во осум часот тој требаше да претстави програма за развој на посиромашните региони, но имаше несакани проблеми со лифтот.

„Посакувам да беше шега, но не е. Не беше смешно да се гледаат министерот Гов и обезбедувањето затворени во стаклен лифт“, им кажа на слушателите водителот на програмата Ник Робинсон за ситуацијата што го одложи интервјуто за половина час.

Додека го чекаше „спасувањето“ од лифтот, министерот рече дека е подготвен телефонски да направи интервју додека е во лифт.

По половина час техничката служба успеала да го ослободи министерот.

Share
Scroll to Top