Европскиот парламент ја прекинува соработката со руската научна заедница

пред 4 години

На седницата во Стразбур пратениците на Европскиот парламент го поддржаа ставот дека ЕУ треба да ја прекине соработката со руската научна заедница, и да ја прошири со украинската, пренесува АП.

„Прекинуваме секаква соработка со Руската академија на науките во рамките на проектот „Хоризонт Европа“, изјави еврокомесарката за иновации, култура, образование и млади Марија Габриел.

Таа додаде дека што се однесува до постојните договори, сите исплати од средствата се прекинати.

„Им предложивме на земјите-членки на ЕУ да ги прекинат краткорочните договори со Русија и Белорусија“, рече таа.

Нагласи дека Европската комисија сега ги поддржува научните институции во Украина.

„Украина сега е вклучена во листата на земји кои можат да добијат средства“, објаснуава Габриел.

Соработката меѓу земјите мора да се заснова на еднаквост и почитување на академската слобода, човековите права и меѓународното право, се вели во резолуцијата.

Share
Scroll to Top