Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека третата доза на вакцината „Фајзер“ за луѓе на возраст од 15 до 55 години, земена најмалку шест месеци по втората доза, е „безбедна и дава значителен скок на антителата“ во споредба со оние присутни по втората доза.
Д-р Марко Кавалери, во име на ЕМА, наведува дека се’ уште нема јасна препорака за тоа кога и кој треба да добие засилувачка доза и oти таквата одлука треба да се донесе врз основа на достапните епидемиолошки информации и податоци за ефикасноста и безбедноста на вакцината.
„Во моментов, миокардитис и перикардитис се главните безбедносни ризици поврзани со mRNA вакцините, особено по втората доза. Повеќето од овие случаи се благи, а ризикот од нивна појава после третата доза се’ уште не е докажан “, забележува Кавалери.
ЕМА наведува дека е важно да се направи разлика помеѓу зголемена доза кај луѓе со нормален имунолошки систем и дополнителна доза за луѓе со ослабен имунолошки систем.