Ниту една смртност не е поврзана со примањето на вакцината на „Фајзер“, заклучи европското регулаторно тело.
Пораката, објавена на „Твитер“ на агенцијата АФП, предизвика неверување кај коментаторите.
#BREAKING Pfizer vaccine not linked to post-jab deaths: EU regulator pic.twitter.com/3AjFu1O2T5
— AFP News Agency (@AFP) January 29, 2021
Пред неколку дена научниците во Европа открија дека досега достапните докази немаат никаква врска со смртта на стари и изнемоштени лица кратко време по приемот на вакцината против коронавирус.
Здравствените агенции, сепак, нагласуваат дека огромното мнозинство на смртни случаи по вакцинирањето биле кај постари лица, веќе ранливи и болни.