Најголемата парламентарна партија во Бугарија „Има таков народ (ИТН)“ на Слави Трифонов ги почнува преговорите и консултациите за формирање на влада. Разговорите ќе се одржат во петок, сабота и недела.
Денес, ИТН ќе испрати покана до сите парламентарни партии, но без ГЕРБ на Бојко Борисов, за формирање кабинет.
Состаноците ќе се одржат викендов во зградата на парламентот и ќе бидат јавни.