Пратеникот во Канада стана хит на интернет, откако се појави целосно гол на виртуелен состанок преку Зум.
Либералниот пратеник Вилијам Амос (46), кој претставува делови од Квебек, бил забележан потполно гол за време на состанокот на пратениците од Долниот дом.
Видеото во живо од состанокот е емитувано јавно, но Амос не зборуваше на него, пренесува ЦТВ њуз. Тој заборавил да ја исклучи камерата кога започнал да се преоблекува.
Не е јасно кој ја испратил снимката од Зум до новинарите.
Амос, кој е оженет со две деца, се извини за „несреќната грешка“.
„Моето видео случајно остана вклучено додека се преоблекував во работна облека по џогирање. Искрено им се извинувам на моите колеги во Долниот дом за ова ненамерно одвлекување внимание. Очигледно е дека тоа беше искрена грешка и нема да се повтори“, рече тој.
I made a really unfortunate mistake today & obviously I’m embarrassed by it. My camera was accidentally left on as I changed into work clothes after going for a jog. I sincerely apologize to all my colleagues in the House. It was an honest mistake + it won’t happen again.
— Will Amos (@WillAAmos) April 14, 2021
Неговото појавување на Зум предизвика бројни шеги и кај пратениците.
Пратеничката Клод Дебелфеј рече дека инцидентот може да биде точка на дневниот ред.
„Можеби е потребно да се потсетат членовите, особено мажите, дека вратоврската и јакната се задолжителни, но исто така и кошулата, боксерките или панталоните – рече таа на француски јазик.
Таа го коментираше и физичкиот изглед на Амос.
„Видовме дека членот е во одлична физичка форма, но мислам дека треба да се потсетат членовите да бидат внимателни и добро да ја контролираат камерата“, рече таа.