Полскиот вицепремиер за безбедност и лидер на владејачката Партија на правото и правдата Јарослав Качински смета дека членот 5 од Договорот за колективна одбрана на НАТО е навистина света обврска, но предупреди дека не е сигурен дека Русија можеби нема да се обиде да го тестира, бидејќи му објави војна на Западот.
„Полска, како членка на НАТО, е безбедна, постојано слушаме гаранции. Русите го слушаат тоа и мора да го земат предвид. Но, не сум сигурен дали нивните планови се да се обидат да тестираат дали членот 5 навистина функционира. Затоа ќе биде многу подобро до крај да ја реализираме нашата воена програма. Мора да постои волја кај Американците не само да ни го продадат најновото оружје, туку и да го достават брзо“, вели Качински, пренесуваат медиумите.