Компанијата „Модерна“ тестира вакцина на деца помали од 12 години

пред 3 години

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ денес објави дека планира да го прошири опсегот на испитување на вакцината против Ковид-19 на помали деца, со цел подобро да открие ретки несакани ефекти, како што е срцево воспаление неодамна пријавено од Американските здравствени власти.

Во соопштението на компанијата се наведува дека е во преговори со американската Агенција за храна и лекови за вклучување на поголем број учесници во студијата кои се помлади од 12 години, пренесуваат агенциите.

Планирано е да се тестира вакцината на околу 7.000 деца, од кои некои ќе бидат на возраст од 6 месеци.

Најавата доаѓа во момент кога во САД се зголемува бројот на новозаразени случаи со Ковид-19 а училиштата се подготвуваат да ги пречекаат учениците.

Во исто време, регулаторите продолжуваат да ги разгледуваат случаите на редок облик на воспаление на срцето познат како миокардитис, кој е пријавен кај мал број тинејџери кои примиле вакцина на „Модерна“ или на „Фајзер“.

Американски официјални лица и независни медицински експерти минатиот месец изјавија дека придобивките од вакцините ги надминуваат ризиците од несакани ефекти, кои се пријавени кај неколку стотици лица на возраст под 30 години.

Share
Scroll to Top