Москва е подготвена да преземе понатамошни мерки доколку САД продолжат по ескалациониот пат, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Сè беше кажано во нашата реакција на последните непријателски чекори на Американците.Ние ги објавивме мерките што ги презедовме и кои сè уште сме подготвени да ги преземеме доколку продолжи ескалацијата“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за телевизијата „Русија 1“
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции кон Русија на 15 април. На списокот со санкции се вклучени 32 лица и здруженија. Санкциите исто така забрануваат американски финансиски институции да купуваат руски државни обврзници по 14 јуни. Покрај тоа, Вашингтон објави дека протера 10 вработени од руската дипломатска мисија од земјата.
Според mинистерството за надворешни работи на Русија, американската политика за санкции не одговара на интересите на луѓето од двете земји. Претходно, Русија најави реципрочни мерки за американските санкции, вклучително и протерување дипломати, забрана за влез на бројни американски официјални лица во земјата и му предложи на амбасадорот Џон Саливан да патува во Вашингтон на консултации.