Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

пред 2 години

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи Западот на најсуров начин да ги игнорира нивните интереси.

– Ако е до Русија – нема да има војна. Меѓутоа, Русија нема да дозволи Западот на најгруб начин да ги игнорира нашите интереси. Преговорите за безбедносните гаранции со САД и НАТО не се завршени, рече Лавров, одговарајќи на прашањето на главниот уредник на телевизијата „Спутник“ и „РТ“, Маргарита Симонјан, дали воопшто има шанси за војна.

Зборувајќи за безбедносните гаранции, Лавров рече и дека има одредени „рационални точки“ во одговорот на САД и НАТО.

– Не можам да кажам дека преговорите се завршени. Како што знаете, Американците и лидерите на НАТО веќе еден месец разговараат за прилично едноставните предлози што ги дадовме во однос на безбедносните гаранции. Нивните одговори ги добивме дури завчера, и како во нивни стил, тие одговори се многу комплицирани, иако има одредени рационални точки, рече тој.

Share
Scroll to Top