Исламските терористи извршија масакр на фудбалски терен отсекувајќи глави на 50 лица од село во северниот дел на Мозамбик, објави „Индепендент“, повикувајќи се на локални медиуми.
Нападот го извршила екстремистичка група поврзана со Исламската држава во селото Муатиде во провинцијата Кабо Делгадо, каде што судирите траат веќе неколку дена.
Државната агенција на Мозамбик објави дека напаѓачите отвориле оган врз жителите на неколку села, а потоа ги нашле преживеаните во блиските шуми и ги донеле на фудбалско игралиште, каде што им ги отсекле главите и ги распарчиле телата, а жените ги киднапирале.