Напаѓачот од Чикаго испукал 70 куршуми и се преправил во жена за да побегне

пред 2 години

Американецот Роберт Кримо, уапсен под сомнение дека пукал од покривот кон граѓаните собрани на парадата по повод Денот на независноста на САД во предградието на Чикаго, е обвинет по седум точки за убиство од прв степен.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Јавниот обвинител на Илиноис, Ерик Рајнхард, рече дека доколку биде прогласен за виновен, осомничениот Роберт Е. Кримо (21) ќе се соочи со максимална казна доживотен затвор без можност за условно ослободување. Обвинителот изјави дека ќе побара Кримо да остане во притвор без можност за плаќање кауција.

Кримо легално купил пиштол, испукал повеќе од 70 куршуми и се облекол во женска облека за подоцна да може да се скрие меѓу насобраните граѓани, соопштија локалните власти, пренесува Гласот на Америка.

Полицијата соопшти дека бројот на жртви се искачил на седум, бидејќи една од хоспитализираните починала во болница. Жртвите оттогаш се идентификувани. Повеќе од 30 луѓе беа повредени во пукотница за време на парадата.

Полицијата соопшти дека Кримо го планирал нападот неколку недели и дека сè уште не е познат мотивот за пукањето во предградието со претежно еврејско население, но дека нема докази дека има расен или антисемитски мотив.

Во нападот употребил пушка од висок калибар слична на полуавтоматска АР-15, која ја оставил зад себе пред да побегне, изјавија официјални лица. Тие додале дека имал слична пушка во автомобилот на мајка му, која ја возел кога полицијата го фатила, а имал и друго оружје кое сето тоа било легално купено.

Share
Scroll to Top