(Од минута во минута) Украина пред крвав Велигден, Путин го отфрлил предлогот за прекин на огнот

пред 3 години

Денеска е 58-ми ден од војната во Украина

Клучни настани:

Денеска нема хуманитарни коридори

594 деца погодени од руската инвазија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира да го фалсификува референдумот за независност во делумно окупираните јужни региони Херсон и Запорожје

Зеленски: Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот за Велигден

Од минута во минута

09:20 „594 деца погодени од руската инвазија“

Украинскиот парламент ги ажурираше податоците за децата жртви на војната на Твитер. Оттаму велат дека вкупниот број на погодени деца од руската инвазија е 594. Загинаа 208 деца, а 386 беа повредени.

08:55 Зеленски ги предупреди Русите: Дали сакате нова анексија? Ќе бидете сиромашни како во 1917 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира да го фалсификува референдумот за независност во делумно окупираните јужни региони Херсон и Запорожје.

Во видео пораката, Зеленски ги повика Украинците кои живеат под руска окупација во тие региони да не им даваат на руските сили какви било лични податоци, како што се броевите на пасошите.

$bp(“Brid_50608516”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”997764″,”autoplay”:0,”shared”:true});

08:40 Украина: „Русите киднапираа функционер во Херсон, не уценуваат“

Руски трупи киднапираа локален функционер кој раководеше со хуманитарен конвој во јужниот регион Херсон, изјави заменик-премиерот на Украина. Ирина Верешчук рече дека војниците на Кремљ понудиле ослободување на официјалните лица во замена за руските воени заробеници, но додаде дека тоа е неприфатливо.

08:15 САД: Кина ги повторува руските безбедносни идеи поврзани со војната во Украина

Американскиот Стејт департмент оценил дека Кина продолжува да повторува некои руски идеи за безбедноста поврзани со војната во Украина, вклучувајќи го и концептот на Кремљ за „неделлива безбедност“, пренесуваат медиумите во светот.

08:00 Зеленски: Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот за Велигден

Украинскиот претседател Зеленски тврди дека Русија го одбила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека се уште има надеж за мир.

Тоа го изјави Зеленски синоќа во своето видео обраќање, пренесува Ројтерс.

Претходно тој ја отфрли можноста да оди во Москва на директни разговори со руските лидери за завршување на војната.

Share
Scroll to Top