Омикрон се шири низ Африка: Прв случај забележан во Сенегал

пред 3 години

Сенегал го регистрира првиот случај на сојот омикрон, со што стана трета западноафриканска земја каде е потврден новиот сој, по Нигерија и Гана.

Соопштението за првиот случај го објави Институтот за здравствени истражувања, епидемиолошки надзор и обука (ИРЕШЕФ), кој е една од лабораториите на кои Сенегал одобри тестирање за ковид-19, пренесе АП.

Случајот е откриен во петокот кај 58-годишен маж кој со авион од земјата во подрегионот пристигнал во Сенегал на 22 ноември, соопшти Институтот.

Тој бил вакциниран во април со вакцината Астра Зенека, а во јуни со вакцината Фајзер.

Според Институтот, пациентот престојувал во хотелот во главниот град Дакар и учествувал на демонстрации на кои присуствувале близу 300 луѓе.

Тој е изолиран и не покажува симптоми од неделата, се наведува понатаму.

Институтот Пастер во Дакар објави дека неколку часа подоцна биле откриени уште два случаи на омикрон, меѓу патниците што го напуштале Дакар.

Станува збор за 28-годишен маж кој бил позитивен на 23 ноември и 29-годишна жена која престојувала во хотел во Дакар и која била позитивна на 1 декември.

Share
Scroll to Top