Пекинг масовно го тестира населението за ковид

пред 2 години

Се поголеми редици за тестирање за коронавирус низ Пекинг, откако властите ги зголемија плановите за масовно тестирање на жителите на кинеската престолнина во уште десет градски области, кои сега ќе опфатат околу 20 милиони луѓе.

Многу жители на Пекинг побрзаа во супермаркетите за да складираат храна и други залихи пред можни локални блокади, во споредба со Шангај, каде што беа пријавени повеќе од 1.000 случаи во март, пред да бидат воведени строги карантински ограничувања за 26 милиони луѓе, пренесе „Ројтерс“.

Властите денеска одлучија да затворат некои спортски сали, театри и туристички локации, еден ден откако започна тестирањето во најголемиот кварт во Пекинг, Чаојанг, дом на 3,5 милиони луѓе, и ќе се спроведе во три фази.

Жителите и оние кои работат во Чаојанг беа тестирани во понеделникот, потоа повторно во среда и петок, а Пекинг најави дека до сабота ќе спроведе тестови во 10 други области и една развиена економска зона, пренесува „Ројтерс“.

Кинеската престолнина во понеделникот пријави 33 нови случаи на локално пренесување на Ковид 19, соопштија денеска градските здравствени власти, од кои 32 биле симптоматски и еден асимптоматски, што е нешто повеќе од 19 инфекции пријавени претходниот ден.

Share
Scroll to Top