Песков: Москва не планира да го убие Зеленски, ние сме заинтересирани да се согласиме со нашите услови

пред 3 години

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека наводите за плановите на руските власти за убиство на украинскиот претседател Владимир Зеленски се неточни, пренесе РИА Новости.

„Не, тоа не е точно“, рече Песков во интервју за француски ТВ канал, одговарајќи на прашање.

Тој рече дека Русија е заинтересирана Владимир Зеленски да се согласи со условите поставени во руско-украинските преговори.

„Тој е претседател на Украина и ние сме заинтересирани тој да се согласи со условите на Руската Федерација, за кои руската делегација јасно го информираше. Сакаме да ја завршиме воената операција преку преговори“, рече Песков во интервју за француската телевизија.

Share
Scroll to Top