Потрага по лажна докторка во Солун – земала 3000 евра за терапија против корона

пред 3 години

Полицијата во Солун трага по 47-годишна жена која лажно се претставила како докторка пред брачна двојка наплаќајќи им 3.000 евра за „терапија“ против коронавирусот на нивните родители.

Според „Катимерини“, а според истрагата на полицијата, жената ја повикала брачната двојка чии родители биле во болница поради корона вирусот, претставувајќи се како анестезиолог.

Таа им понудила посебен третман за кој тврдела дека целосно ќе ги излечи нивните родители од корона вирусот.

Осомничената за нејзините наводни услуги побарала 3.000 евра, а брачната двојка и платила толку.

Грчките власти ја идентификувале жената и се обидуваат да ја лоцираат, објави Катимерини.