По 13 месеци во болница, излезе најмалото бебе во светот

пред 3 години

По 13 месеци интензивно лекување во болница во Сингапур, пуштено е бебето кое се смета за најмалото на светот при раѓање.

Квек Ју Суан имала само 212 грама кога била родена и била долга 24 сантиметри, пишува Би -Би -Си.

Мајката на Квек Ју Суан се породи за нешто помалку од 25 недели, многу помалку од просекот од 40 недели, откако и беше дијагностициран опасно висок крвен притисок, што можеше да биде фатално и за неа и за бебето.

Претходниот рекордер од 2018 година беше девојче од САД, кое тежеше само 245 грама.

Ју Суан сега е многу поздрава и тежи 6,3 килограми.

Според податоците на Националната универзитетска болница во Сингапур (НУХ), каде што е родена, девојчето имало „ограничени шанси за преживување“.

„ Спротивно на малите шанси, со здравствени компликации кои се присутни при раѓањето, таа ги инспирираше луѓето околу себе со својата истрајност и раст, што ја прави исклучително бебе“ се вели во соопштението на болницата.

Share
Scroll to Top