Русија и Бразил ги зајакнуваат односите

пред 2 години

По три часа заврши средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Бразил Жаир Болсонар во Москва, јави ТАСС.

За време на состанокот, Путин рече дека трговијата меѓу двете земји продолжува да расте, и покрај билатералните односи кои се погодени од пандемијата Ковид 19.

Тој нагласи дека Бразил е еден од клучните трговски и економски партнери на Русија во Латинска Америка и изрази надеж дека средбата ќе биде корисна.

Болсонаро рече дека неговата посета на Москва е порака до целиот свет дека има добра перспектива за односите меѓу Бразил и Русија.

Бразил е заинтересиран за зајакнување на соработката со Русија на полето на одбраната и употребата на напредни руски технологии со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Бразил, изјави бразилскиот министер за надворешни работи Карлос Алберто Франко Франко.

Тој пред новинарите по средбата на министрите за надворешни работи и за одбрана на Русија и Бразил изјави дека соработката во областа на одбраната станала едно од најважните полиња на соработка меѓу двете земји.

– За Бразил Русија е водечка земја во областа на технологијата. „Заинтересирани сме да го искористиме руското знаење и искуство во областа на одбранбените технологии и да размениме искуства за да ја зајакнеме нашата одбрана“, посочи Франка.

Франка наведе дека посебно внимание е посветено на начините за обезбедување сајбер безбедност, пренесе ТАСС.

– Разговаравме за методите на одржување на приватноста на податоците, особено во сајбер просторот. Со оглед на актуелната состојба во светот, тоа е едно од најважните прашања на агендата на денешните разговори на високо ниво, нагласи Франка.

Бразилскиот министер додаде дека страните ја оцениле моменталната состојба на билатералните односи и поставиле појасни цели за иднината, со фокус на интеракцијата на меѓународната сцена, вклучително и во рамките на ОН.

Share
Scroll to Top