Русија објави четири услови за прекин на огнот во Украина

пред 3 години

Висок функционер на руското Министерство за надворешни работи објави четири услови за завршување на војната.

„ Руската специјална воена операција ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да ѝ се заканува на Русија“, изјави Алексеј Полшчук.

„ Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините задачи. Меѓу нив се заштитата на цивилното население на Донбас, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина, како и елиминирање на заканите за Русија кои доаѓаат од украинска територија поради нејзината окупација на НАТО“, порача Полишчук.

Тој не објасни точно како НАТО ѝ се заканува на Русија од украинска територија. Дипломатот додаде дека операцијата „се одвива според планираното“ и дека „сите нејзини цели ќе бидат остварени“.

Share
Scroll to Top