САД: Турците распоредуваат сириски платеници во Нагорно-Карабах, нивната плата изнесува 2.000 долари

пред 4 години

Стотици сириски платеници ангажирани од Турција се распоредени во зоната на конфликти во Нагорно-Карабах, тврди „Волстрит журнал“.

Весникот цитира извори кои учествуваат во испраќањето на сириски борци.

Во извештајот на „Волстрит журнал“ се наведува дека стотици платеници од сириските вооружени фракции блиски до Турција се вклучиле во борбите меѓу Азербејџан и Ерменија и дека стотици други се подготвуваат да заминат на фронтот во Нагорно-Карабах.

Стотици сириски платеници ангажирани од Турција се распоредени во зоната на конфликти во Нагорно Карабах, тврди „Волстрит журнал“.

Според информации од извор поврзан со сириските вооружени фракции поддржани од Анкара, досега се убиени околу 200 сириски борци, па многумина се обидуваат да се вратат во Сирија, пренесува ТАСС.

Истиот извор наведува дека сириските платеници се согласуваат да се борат за плата од околу 2 илјади американски долари, но дека бројот на жртви меѓу нив се зголемува.

Цитирајќи информации од Министерството за одбрана на САД, „Волстрит журнал“ тврди дека Турција веќе испратила близу 5.000 платеници од Сирија и во Либија.

Анкара ги отфрли обвинувањата дека испраќа платеници во Нагорно-Карабах.

Share
Scroll to Top