Србија ги затвора објектите по 21 часот

пред 3 години

На вонредната седница на српската Влада беа донесени нови мерки за спречување на ширење на епидемијата на коронавирус.

Со новите мерки, работното време на угостителските објекти, продавниците, трговските центри и другите објекти за трговија на мало, театрите и кината, организаторите на игри на среќа, нема да работат од 21 часот до 5 часот наредниот ден.

Исклучок ќе има за аптеките, бензиските пумпи, како и објектите кои вршат достава на храна.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека остануваат уште 15 дена до 1 декември, кога ќе се одлучи за дополнително засилување на мерките.

„Следната ограничувачка мерка што ни остана е забрана за движење, но не сме за тоа. Се надеваме дека овие мерки ќе дадат резултат“, рече таа.

Брнабиќ изјави дека Србија е земја што има една од најниските стапки на смртност.

„Имаме една од најниските стапки на смртност не само во Европа, туку и во светот. Нашата смртност сега е 1,3 отсто, во регионот и во Европа само неколку земји се под нас“, истакна таа.

 

Тој посочи дека е против затворање на училиштето.

„Апсолутно сум за тоа училиштата да продолжат да работат и децата да бидат најбезбедни во училиштата. Има 39 заразени ученици во основните училишта, од кои 20 во Белград, и 52 заразени ученици во средните училишта. Учениците и наставниците се дисциплинирани и мерките се почитуваат, така што училиштата ќе продолжат да работат нормално засега“, изјави Брнабиќ.

Share
Scroll to Top