Трамп: Лажна вест, не сум останал без пари за кампањата

пред 6 години

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, демантираше дека останал без пари за кампањата пред изборите на 3 ноември.

Тој на „Твитер“ напиша дека постојано чита лажни вести.

„Се пишуваат разни лаги за мене, дека немам пари за кампањата“, напиша Трамп, наведувајќи дека „дури и сето тоа да беше вистина, јас би ги користел своите пари за кампањата, убеден дека ќе бидам реизбран на 3 ноември“.

„Покрај тоа, имаме толку многу пари и тоа многу поголема сума отколку на претходните избори, а сепак, потрошивме значително помалку пари од расипаната Хилари (Клинтон). Згора на сè, лесно победивме”, напиша Трамп.

Share
Scroll to Top