Американската сојузна држава Џорџија објави дека ќе ги преброи гласовите од претседателските избори на кои Џо Бајден во тесна трка го победи Доналд Трамп. Изборите се одржаа пред осум дена, а демократскот кандодат во Џорџија славеше со предност од 14.000 гласа (2.471.906 – 2.457.794).
Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер изјави дека гласовите ќе бидат преброени откако вчера тоа го побарале адвокатите на Трамп. Станува збор за 5 милиони гласачки ливчиња, од кои скоро сите се преброени, но државите имаат рок до петок да ги потврдат конечните резултати.
Денеска беше потврдено дека Трамп ја освоил Алјаска и добил три нови избирачки (електорски) гласови, но тоа не менува ништо. Сега има 214, 76 помалку од Бајден (290).
Џорџија која инаку традиционално им е наклонета на Републиканците, игра важна улога во рамнотежата на силите меѓу демократите и републиканците во новиот Сенат. Двете места во Сенатот, кои ги има Џорџија, се пополнуваа на изборите и двете трки одат во втор круг на 5 јануари, бидејќи според досега пребројаните гласови, ниту еден кандидат не освоил мнозинство во ниту една од трките.