„Фејсбук“ го укинува системот за препознавање лица

пред 3 години

„Фејсбук“ објави дека го укинува својот систем за препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата, наведувајќи ја зголемената загриженост за употребата на таквата технологија.

„Регулаторите сè уште се во процес на давање јасни правила со кои се регулира употребата на таа технологија“, напиша Џером Песенти, потпретседател за вештачка интелигенција на „Фејсбук“.

„Во средината на оваа постојана неизвесност, ние веруваме дека ограничувањето на употребата на препознавање лице на тесен сет случаи е соодветно“, додаде Песенти.

Тој најави дека отстранувањето ќе биде глобално и се очекува да биде завршено до декември.

Share
Scroll to Top