Финскиот парламент денеска гласа за барањето за влез во НАТО

пред 3 години

Финскиот парламент најверојатно денеска ќе гласа за барањето за влез во НАТО, што ќе биде историска промена во финската одбранбена политика предизвикана од руската инвазија на Украина.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Финската извршна власт, претседателот Саули Ниинисто и владата одлучија Финска да испрати барање за влез во Северноатлантската алијанса, под услов тоа да биде прифатено од законодавниот дом и парламентот.

Собраниската расправа се одржа во понеделникот и траеше 14 часа. Зборуваа 212 пратеници и огромното мнозинство од нив гласаа позитивно. Десет парламентарни работни тела, вклучително и комисии за надворешна политика и одбрана, веќе ја прифатија идејата.

Се очекува попладне Собранието да го прифати барањето за влез во НАТО.

Share
Scroll to Top