Фон дер Лајен и Пахор: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

пред 3 години

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се состана со претседателот на Словенија, Борут Пахор, во рамките на претстојното словенечко претседателство со ЕУ.

„Се согласивме дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ и дека сакаме да направиме напредок по тоа прашање“, напиша Фон дер Лајен на „Твитер“.

Претседателката на ЕК вели дека словенечкото претседателство ќе има важна улога во закрепнувањето и издржливоста на ЕУ по пандемијата и силниот удар што и го нанесе на ЕУ-економијата.

„Сега е време за поправка, инвестиции и реформи“, додаде Лајен.

Таа му се заблагодари на словенечкиот претседател Борут Пахор за заложбата за поголемо единство во ЕУ и посветеноста на разговорите за иднината на Унијата.

Share
Scroll to Top