Холандскиот премиер: Европа не треба да очекува враќање на старите односи со САД

Холандскиот премиер: Европа не треба да очекува враќање на старите односи со САД

пред 6 часа

Односите меѓу Европа и Соединетите Американски Држави нема да бидат исти дури ни по завршувањето на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави холандскиот премиер Роб Јетен, пренесува холандскиот портал „Nu.nl“.

„Би било наивно да се мисли дека со доаѓањето на нов претседател во Америка, ќе се вратиме на она што беше претходно“, рече Јетен.

Холандскиот премиер оцени дека Соединетите Американски Држави постојано им ставале до знаење на европските сојузници дека повеќе не можат да се потпираат на американските безбедносни гаранции до степен до кој тоа го правеле со децении.
Според него, ставот дека Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност сè повеќе преовладува во Вашингтон.

„Искрено, мислам дека ова е она што Европа треба да го направи“, рече Јетен.

Текстот Холандскиот премиер: Европа не треба да очекува враќање на старите односи со САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top