Четири лица загинаа, а десетици се повредени кога ураганските ветрови и огромните поплави ги преплавија јужните руски региони по должината на брегот на Црното Море.
Како што јави агенцијата ТАСС, циклонот продолжува да се движи над оваа област.
Природната катастрофа досега ги погоди Крим, Севастопол и краснодарскиот крај, но влошување на временските услови се очекува во регионите Ставропол, Астрахан, Волгоград и Ростов, како и во Кабардино-Балкарија и Северна Осетија-Аланија.
Текстот Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија е превземен од МАКФАКС.





