Швајцарија почна со вакцинирање против коронавирус

пред 4 години

Во Швајцарија почна вакцинацијата против Ковид-19, четири дена пред закажаниот почеток на имунизацијата во Европската унија.

Првата личност во Швајцарија која прими вакцина против Ковид-19 е 90-годишна жена во дом за стари лица во близина на Луцерн, пренесува Ројтерс.

Според швајцарската стратегија за имунизација, прво ќе се вакцинираат старите лица и пациентите со хронични заболувања, а потоа следуваат здравствените работници и оние кои живеат во домаќинство со ранливи лица.

Швајцарија, која не е членка на ЕУ, во саботата ја одобри вакцината изработена од германската компанија БиоНТек и нејзиниот американски партнер Фајзер.

Првите 110.000 дози во Швајцарија пристигнаа вчера.

Share
Scroll to Top