1.256.048 прашања за Путин

пред 3 години

Граѓаните на Русија досега испратија повеќе од 1,2 милиони прашања до рускиот претседател Владимир Путин за ТВ програмата „Директна линија“.

До 09:05 часот по московско време, примени се 1.256.048 прашања, од кои 658.183 прашања преку кол центарот. Испратени се 331.070 прашања преку СМС или ММС, преку веб-страницата 129.336 и 103.972 преку мобилната апликација „Москва-Путин“, пренесува руската агенција Тасс.

Уште 33.487 прашања биле примени преку социјалните мрежи.

Вакцинацијата и борбата против Ковид-19 се најпопуларните теми, објави ТВ каналот „Русија 24“.

Програмата „Директна линија“ со Владимир Путин ќе се одржи денес.

Share
Scroll to Top