Tимот на Навални ги распушта канцелариите во Русија

пред 3 години

Тимот на Алексеј Навални, затворениот руски опозиционер, денес објави дека ги распушта канцелариите на регионалната мрежна кампања низ цела Русија.

Објавата се појави на „Јутјуб“ пред судското рочиште,  на кое ќе се разгледува барањето на обвинителството за прогласување на главните столбови на политичката организација на Навални за екстремистички, пренесува „Ројтерс“.

Навални, главниот критичар на Кремљ, издржува затворска казна во траење од две и пол години поради кршење на условната слобода.

Намерата да се прогласат за екстремистички активностите на неговата организација, многу западни медиуми сметаат дека е последен удар на Путин за неговиот најголем критичар.

 

Share
Scroll to Top