Бензинските во Велика Британија останаа без гориво, Џонсон размислува да ја ангажира војската

пред 3 години

Илјадници бензински пумпи во Велика Британија останаа без гориво во текот на викендот поради недоволен број возачи на камиони.

Здружението на продавачи на бензин, кое застапува речиси 5.500 продажни места, соопшти дека голем дел од нејзините членови пријавиле дека останале без гориво, а останатите дека наскоро ќе останат без гориво, откако Британците викендов формираа долги редици на бензинските пумпи.

„Бритиш петролеум“ призна дека два вида гориво снемало на една третина од нивните бензински пумпи.

Премиерот, Борис Џонсон, изјави дека стотици војници можат да бидат ангажирани за снабдување на бензинските пумпи со гориво низ целата земја.

Се очекува Џонсон денеска да ги собере министрите со цел да се најде решение и да се избегне понатамошно продлабочување на кризата, објави „Гардијан“.

Проблемот настана кога „Бритиш петролеум“ мораше да затвори мал број продажни места поради недостаток на возачи, а „Шел“ и „Еко“ исто така пријавија проблеми со акциите.

Проблемот не е поради недостаток на гориво, туку поради недостаток на возачи на камиони за транспорт до бензинските пумпи.

Претставниците на транспортната индустрија наведуваат дека причината за кризата, освен пандемијата, е старата работна сила и егзодусот на странските работници по излегувањето на Британија од Европската унија.

Share
Scroll to Top