Борел: Ситуацијата во Буча не е геноцид

пред 3 години

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, денеска го коментираше настанот во украинскиот град Буча и рече дека нема да го нарече геноцид.

„Зборот геноцид би го употребил за многу пострашни работи“, изјави Борел во интервју за радиостаницата COPE, пренесува РИА Новости.

Настаните во градот Буча доведоа до нова серија меѓусебни обвинувања меѓу Русија и Украина.

Киев ги обвинува руските сили за воени злосторства во тој град со убивање цивили, додека Москва тоа категорично го отфрла и тврди дека станува збор за уште една провокација.

Share
Scroll to Top